Пропаднат абдејт - (2026)

Пропаднат абдејт
Приказна за две маалски камери...
Во случај ако не разберете нешто, еве го текстот
Текст:
Пропаднат абдејт
Комшиите загрижени оти ја нема малската камера
Жителите во битолското село Брод се загрижени бидејќи нивната маалска камера ја нема да снима што се случува во нивното село. Еден од комшиите со пикнати раце во џебот и кисел сурат изјави:
Ја нема баба Ратка ја нема три дена да се појави ни на џам, ни на балкун ни да седи на малскиоот камен, ни да ротира навистина сум загрижен. Ова никогаш не се случило, никој не знае каде е таа.
Но немало потреба за грижа. Баба Ратка била ојдена во комшиското село да ја замени нејзината другарка Рада која ошла да ги смени нејзините наочари со нови леќи со кои што нејзината резолуција од ха де ќе ја направи четири ка и ќе биде со напредна технолошка спецификација како нејзината Ратка.
Но... вистината за Рада била друга.
Наместо Рада да оди на болница и по оптики се бапнала во меани. Одела од една во друга меана локала бело и црвено вино. А во последната меана се истепала со свирачите оти не и ја засвириле нејзината омилена песна. Ја зела гитарата на гитаристот и рекла сега ќе видите дека гитарата може да е не само жичен туку и удирачки инструмент. На бегање се лизнала и во суратот се напрајла ко црн домат.
Ко разбрала Ратка шо се случи со бес заминала и се вратила во нејзиното село. Рекла Абре ова била скроз ула. Поќе не ја менвам Ако ја сменам пак, да не се викам Ратка. Рада ја викнала на кафе за да се смират, но наместо да се смират тие се искубале ко кокошки.
После жестоката расправа и тепачка со Рада, ко се појавила на малскиоот камен Рада во соседното село комшиите почнаа да ја зафркаваат:
А мори Радо сега сигурно софтверот ти е заебан. Имаш слаб килобит по секунда. Резолуцијата ти е цела пискелизирана. Арам да ти е. Пу јзк. Срам си за селото ќе бараме да те сменат. Ама оти имаш еден заб можиме да те користиме пивата да ни ги отвораш, ама поарно пошто те научивме дека си пијандура, ќе ги испиеш сите пива.
Рада се противела дека немаат за бркањето доказ. Арно дошол келнерот Митко со видео каде што Рада агресивно агресивно ги напаѓа свирачите. На видеото кое што беше направено со доста висока резолуција и кристални детали, јасно се гледаше: Рада со подигната гитара како да е Химен со сабјата. Гитаристот под маса, прекриен со чаршаф. На масата пред неа – три празни бокали и една чинија со макало што ја користела како гел за коса за да изгледа помодерно. На снимката беше зумиран и нејзиниот намрштен сурат. Рекла абе не сум јас ова е вештачка интелегенција.
Арно ама мештаните биле ај ти потковани и не поверуваа во нејзината лага. Така Ратка се свитка како уплашено маче и му ја дувна дома. Од страв да не ја натепаат силно прднала.
После сите дешавки во таа технолошка драма, Ратка се врати дома во Брод и продолжи да си ја извршува својата дејсност. А жителите од двете села ја дали оваа кратка анализа:
За Ратка: Ете ја, си зазеде позиција. Не трепка! Процесорот и е на сто посто, ни мува не поминува низ сокакот без да биде архивирана. Малската камера е пак онлајн, сега и ноќно снимање со инфрацрвени очи има развиено од лутина.
За Рада: Кутрата, мислеше ќе се апгрејдира, а таа стана вирус. Гитарата ја кренала како Химен шо ја креваше сабјата, демек јас ја имам моќта, а всушност само моќта на белото вино ја имала. И тоа со макалото на главата... па тоа ни најскапата вештачка интелигенција не може да го измисли. Тоа е чист био-гел од Битолско!
Заклучок на селаните: Џабе ти е и четири ка и осум ка резолуција, ако ти е матичната плоча односно главата ти е прегорена од меани.
Ратка си е Ратка – стара школа, аналоген поглед, ама дигитална прецизност!
Пази се за најситен детал можи да те фати

Дата на публикация: 18 август, 2026
Категория: Музика
Ключови думи: Музика dnmusic пропаднат абдејт

Показване на още