Текст: Дејан Николовски
Музика: Народна
Аранжман: Suno
Битола моја еве ме тука
срцето силно од возбуда чука,
од далечина пат фатив
за празниците се вратив.
За новата роднини
пријатели да видам
а за Бадник и Божиќ
со семејството
јас дома да си бидам.
Коледарчиња на врата
со љубов да чекам
на детските денови
и полните торби со
костени да се сетам.
На коледе со друштво
оган да палам
душата со топлина
да си ја галам.
За Василица да
се сврти паре
кај овогодишниот
домаќин Даре.
За Водици фрлањето
на светиот крст да видам
и дел од таа церемонија
да бидам.
А сега назад пат
да фатам и до година
пак во мојот роден
крај јас да се вратам.
Дата на публикация: 18 август, 2026
Категория:
Музика
Ключови думи:
Музика
празнична
dnmusic